Пчеларник ,,Браќа Тасевски,,

Постојано се прошируваме и опремуваме, со цел да ги постигниме потребните стандарди за еколошко производство на сите пчелни производи.


Приказната за пчеларникот,,Браќа Тасевски,, започна во Мај 2019 година, со мал број на кошници, во атарот на с. Блаце- Скопско
(Општина Петровец )
во чиста еколошка средина  со надморска висина над 400 метри, каде негуваме органско пчеларење, како семеен бизнис.


Од почетокот, па се до денеска изработуваме  кошници за пчели за сопствените потреби, како и сите други попратни елементи.
Од самиот почеток соработуваме и разменуваме искуства со поискусни пчелари наши пријатели, од кои секој ден учиме  и дознаваме нешто ново, од областа на пчеларството.


Со голема љубов и ентузијазам сме посветени на работата во нашиот пчеларник и со нетрпение ја чекаме пролетта како најдинамичен период од годината, кога активностите во пчеларникот се најголеми.
Предизвик е да се работи ваква хумана работа, која со својата специфичност и различност, даваат  повеќекратни бенифитите